Задна корица
Види внатре

Непредвидливиот Божиќ

490 ден.

Има залиха

Со нас добиваш повеќе! Регистрирај се во клубот на читатели на нашиот сајт и добиј 10% Cashback (поврат на средства) како Shopping Points (поени за пазарење) што можеш да ги искористиш за идни пазарења на сајтот.
Купи ја оваа книга и добиј 49 поени!

Една божиќна желба, двајца браќа и цел живот исчекување на вистинската љубов.

Тоа е најубавото време во годината… но не и за Мејлин Џоунс. Таа живее со своите родители, ја мрази својата работа, а и овој Божиќ таа направи романтична грешка од епски размери.

Но, можеби најлошо од сè што ова е последниот Божиќ на нејзиното најсреќно место – малата дрвена куќа во Јута каде што таа и нејзиното семејство го поминуваа секој Божиќ заедно со најдобрите пријатели на нејзините родители. Мејлин не може да се помири и бара одговор – зошто универзумот ѝ ја одзема среќата и дали некогаш повторно ќе ја најде?

Следното нешто што памети е чкрипење на гуми, судар и сè станува црно. Но, кога Мејлин ќе се разбуди… таа е во истиот авион на пат за Јута и дрвената куќа каде што повторно ќе го доживее истиот божиќен одмор.

По извесно време Мејлин разбира дека универзумот и дава шанса да ја поправи грешката, да го спаси своето најомилено место и конечно да се избори за својата вистинска љубов.

Дали Мејлин ќе го добие својот љубовен бакнеж под божиќната имела?

ISBN

978-608-262-200-2

Страници

274

Година на издавање

2024

ISBN

978-608-262-200-2

Страници

274

Година на издавање

2024

Автор

Кристина Лорен

Издавач

Култура