Погледни внатре

Некои бладања од војната

299 ден.

Има залиха

Категории: , ,

Прозниот првенец на Митко Апостолов, насловен Некои бладања од војната, пишуван во манирот на постмодерниот, прозен, експериментален формат – претставен како лавиринт изграден од имиња во кој демне гласот на авторот, наместо Минотаурот – пред читателот носи исклучително свежа книга со која се најавува сериозен автор на најновата македонска авторска генерација.

Некои бладања од војната е формат книга која е наменета за оној тип читатели – сладокусци кои уживаат софистицирано зачинети книги во кои можат да најдат слики од своето секојдневие, слики чија вистинитост е возможна само во мигот во кој се родиле и како такви се заглавени во времето. Можеби е најдобро да се каже дека Апостолов создал албум со фотографии под кои напишал куси легенди, налик на она бележење на фотографиите со датуми, непознати имиња и уште понепознати или добропознати места.

Доколку сте ваков тип колекционер на нечии сеќавања, тогаш книгата на Митко Апостолов е напишата само за вас. Доколку не сте, ви препорачувам да влезете во неговиот интимен албум и детективски да го истражите. Има што да се најде.

Сашо Димоски, писател

Година на издавање

2017

ISBN

978-9989-32-913-5

Автор

Митко Апостолов

Издавач

Култура