Back Cover
Види повеќе

ЛЕТО ВО ТОСКАНА

Категорија: ,

Гема Џерико е лекар која целосно е посветена на работа. Нејзината мајка и ќерка се загрижени поради тоа што таа нема време да се посвети на својот приватен живот.
Веста за мистериозното наследство во Тоскана е доволна причина нејзината мајка да ја натера Гема да појде со неа и да избега од нејзиното секојдневие.
На самиот почеток од патувањето започнува романтична авантура на Гема Џерико и Бен Рафаел испреплетена со љубов, химор и акција.
Овој роман ќе Ви овозможи за миг да се најдете во тесните улички на Рим, да пиете италијанско кафе на познатите шпански скали и карактеристичните мали плоштадчиња на Рим. Елизабет Адлер успева да Ве пренесе со неверојатна брзина во преубавата Тоскана со нејзините прекрасни предели, богатото културно наследство, одличната храна и вонсериските тоскански вина.
Адлер успева наративно да го пренесе мирисот на полињата со лаванда, вкусот на зрелите гроздови, здивот на Италија, и звукот на летниот ветер низ чемпресите.

Година на издавање

2013

ISBN

978-9989-32-709-4

Автор

Елизабет Адлер

Издавач

Култура