Погледни внатре

Кодот на Да Винчи

600 ден.

Најголемата конспирација, во последните две илјади години, почнува да се открива.

Роберт Ленгдон, професор за верските симболи на Харвард, е во Париз за да одржи предавање. На приемот што следи, тој треба да се сретне со почитуваниот куратор од светски познатиот музеј Лувр. Но, кураторот нема да се појави, а подоцна таа вечер Ленгдон дознава, од страна на валстите, дека кураторот е пронајден мртов. Ленгдон оди во Лувр на местото на злосторството, каде што открива чудни докази кои убиецот ги оставил зад себе.

Тука почнува трка со времето, бидејќи Роберт Ленгдон станува осомничен и со помош на францускиот криптолог Софи Неве, мора да дешифрираат безброј таинствени симболи кои биле оставени специјално за нив. Ако Роберт и Софи не можат да ја решат загатката, древната вистина може да биде загубена засекогаш, а тие самите да завршат како колатерална штета.

„Блокбастер совршенство. Еден неверојатен психолошки трилер. По појавата на Хари Потер, романите на Ден Браун ги воодушевуваат читателите, оставајќи ги без здив сѐ додека не го откријат и последниот детал.“- New York Times.

„Автор број еден за психолошки трилери. Пулсот забрзува, мозокот е надразнет од една неверојатна авантура.“- People

Година на издавање

2017

ISBN

978-9989-32-899-2

Автор

Ден Браун

Издавач

Култура