Back Cover
Види повеќе

Клуб на прељубници

400 ден. 240 ден.

Категорија: , ,

Овој роман би требало да има предупредување „Не ја земајте во раце ако имате работа“. Тес Стимсон се надмина себеси со овој роман.

Тес Стимсон повторно ни носи супериорна приказна за аморалот и страста. Одличен роман кој ќе предизвика дебата за неверството во вашето друштво, роман што ќе ве натера да изберете страна.

Николас е грижлив сопруг – згоден адвокат за бракоразводни парници кој ја обожава својата жена и трите ќерки. Сара Каплан е совршена заводничка – сексипилна млада адвокатка која е уморна да биде осамена. Малинче Лион е совршена сопруга – и понатаму убава, писателка на популарни готвачи и мајка на три прекрасни ќерки.

Николас кој е луд по својата жена, сосема неочекувано започнува да мечтае по Сара. Таа почнува да кокетира и да си подигрува со него, а Малинче почнува да се соочува со сопствените предизвици. Од скапите лондонски клубови до живописните англиски предели во внатрешноста, тоа што започнало како моментална физичка привлечност
сега во целост излегува од контрола. Некогаш среќно оженет човек и две сосема различни жени ќе дознаат како е кога ќе се исполнат најсмелите желби и кога секој од нив ќе го добие она што го заслужува.

Ова е неверојатно искрена приказна полна со емоции.

Година на издавање

2014

ISBN

978-9989-32-781-0

Автор

Тес Стимсон

Издавач

Култура