Возбудлив роман за битката за светска доминација помеѓу опасни криминални организации, со мистериозна приказна за гробницата на првиот император на Кина, чувана од армијата на теракотни војници, била запечатена повеќе од 2200 години. Таа е една од најголемите археолошки локалитети во светот, но кинеската влада не дозволува да се отвори. Се поставува прашањето Зошто? Ова прашање се обидува да го одговори поранешниот таен агент Котон Малон, по добивање на чудна белешка од уште почудна веб-страница. Посетувајќи ја веб-страницата дознава за проблемот на неговата пријателка Касиопеја Вит со еден човек кој бара од Малон да му донесе древен артефакт кој Касиопеја му го доверила на чување. Но постои еден мал проблем: Малон не знае што се случува. Од овој момент почнува возбудливото патување од Европа до Кина, полно со интриги, заплети и расплети на смртоносни тајни.
Преглед за: Гробницата на императорот


Можеби ќе ви се допадне
- Временската енигма (Експеримент 51-II дел)
390 ден.312 ден. - Сестринството Теа во опасност
250 ден.200 ден. - Четиринаесеттата колонија
550 ден.440 ден. - Кражба на огромниот дијамант
250 ден.200 ден. - Чудниот случај на тирамису
250 ден.200 ден.
Гробницата на императорот
Додадено во омилени! Разгледај Омилени
Оваа книга е веќе додадена во омилена листа! Разгледај Омилени

Стив Бери
Стив Бери е американски писател, професор и поранешен адвокат кој е познат по неговите романи исполнети со мистерија и историски мотиви. После 12 години и 85 одбивања од издавачки куќи за прв пат успеал да ја објави книга во 2003 година. Оттогаш, па се до денес Бери е добитник на голем број книжевни награди, а негoвите романи се преведени на 40 јазици од кои се продадени повеќе од 22 милиони примероци во 51 земја.
http://steveberry.org