Back Cover
Види повеќе

Ѓаволот не сака да чека

250 ден.

Нема на залиха

Разгледај Омилени
Категории:

Бонд во последното остварување, Ѓаволот не сака да чека, како и секогаш грациозен, кокетен и беспрекорен, и овојпат во тајна мисија за освојување на читателите.

Себастијан Фолкс во името на Јан Флеминг овојпат е креаторот на најпознатиот таен агент. И на ова дело не му недостигаат акции и авантури, трилер настани кои оставаат без здив и, секако, фантастичните моменти карактеристични само за Бонд. Во потрага по подобар свет, повторно имаме можност да уживаме во авантурите низ коишто не води Бонд. Дејството кое се одвива во Рим, Париз, Лондон, Техеран, е само еден аргумент кој не може да не остави рамнодушни. Ѓаволот не сака да чека, ни дава и појасна слика на настаните и политиката во периодот од шеесеттите години од минатиот век. Со бескомпромисни критики во заднина на делото за политиката на светските сили во тој период, Себастијан Фолкс несомнено успева целосно да го задржи вниманието на читателот и успева да создаде кај него желба и нетрпение за следните доживувања на Бонд.

Година на издавање

2008

ISBN

978-9989-32-555-7

Странци

274

Автор

Себастијан Фолкс

Издавач

Култура