Back Cover
Види повеќе

Драми

500 ден.

Категорија: ,

Кога зборуваме за успешниот „извоз“ на македонската култура во белиот свет, овдешнава театрологија лесно докажува дека исклучителните драмски и театарски дострели на Дејан Дуковски влегуваат во истата екслузивна (ѕвездена) категорија на која им припаѓаат меѓународните успеси на пијанистот Симон Трпчевски, на музичарот Влатко Стефановски, на режисерот Милчо Манчевски… Секој во својата област, овие вонсериски уметници, унисоно ги доживуваме како легитимни припадници на елитната македонска творечка лига, на македонската културна и уметничка супер-репрезентација. На нашиот Dream Team.

Оваа книга – во која, за првпат, на едно место се публикуваат сите драмски текстови на Дуковски – не го афирмира/докажува неговото легитимно членување во маке-донскиот творечки Dream Team само со својата големина! Како да не биде, кога врз нејзините страници најпосле се собрани и испечатени сите 16 драмски наслови на Дуковски: не само оние 13 општопознати „големи драми“ (неговите комплексно развиени пиеси, од кои барем половината одамна се стекнале со култниот статус), ами и оние 3 едночинки за кои, сè досега, кај нас дома воопшто ги немавме „во евиденција“.

Година на издавање

2012

ISBN

9989-2064-0-6

Странци

136

Автор

Дејан Дуковски

Издавач

Култура