Погледни внатре

Дијалози во еднина

300 ден.

Има залиха

„ДИЈАЛОЗИ ВО ЕДНИНА – Разговори што можеби се случиле и што можеле да се случат“ од Ана Стојаноска е книга – експеримент, обид на авторката да напише нарација без нарација, само со помош на дијалози.
Дијалозите се читаат низ трите циклуси – Сонце, Сон и Месечина, кои се поставени како загатка на читателот. Читателот е оставен да ги слуша/чита разговорите и сам да учествува во нивната динамичност. Играта на авторката со потенцијалните читатели се гледа и во начинот на кој приказната се отвора со секоја страница што следува.

Ова е прва ваква книга во македонската книжевност, која истовремено дозволува секој читател сам да си ја создава приказната. Жанровски не припаѓа никаде и истовремено самата книга e сопствен жанр. Се чита лесно, брзо и едноставно. А тоа е уште една од загатките на авторката.

Формат

13,5 х 20 см.

ISBN

978-608-262-027-5

Страници

160

Година на издавање

2019

Автор

Ана Стојаноска

Издавач

Култура