Дали љубовта може да ги надмине сите пречки?
Замислете да запознаете еден човек, заедно да поминете шест прекрасни дена и да се вљубите во него. Чувството за тие шест дена е заедничко: никогаш не сте биле толку сигурни за ништо друго.
Потоа, тој заминува на одмор и ветува дека ќе се јави од аеродромот – сè уште немате причина за сомнеж.
И… тој не се јавува.
Пријателите ви кажуваат да го заборавите, но чувствувате дека грешат. Живеете со мислите дека, можеби, нешто се случило, дека има причина затоа што тој не се јавува.
Секако дека постои причина. Единствената причина е ВИСТИНАТА!
Дали таа вистина ќе ги вкрсти патиштата на Сара и Еди?