Back Cover
Види повеќе

Аурора

300 ден.

Аурора е животна приказна која ќе ве натера да гледате на животот на еден невообичаен, но, сепак, подобар начин. Ќе ве научи како да не се откажувате од тоа што го сакате без разлика колку и да изгледа недостижно. Светот нема потреба од кукавици. Такви ги има и повеќе од доволно. Но, светот има потреба од јунаци кои ќе веруваат во себе и во своите соништа. Јунаци кои ќе ги научат останатите како да бидат светлината во мракот, среќата во тагата, љубовта во омразата, добрината во злобата, како што и самата авторка пишува на крајот.
И најважно од сè, како секој да биде херој на својата приказна.
Моника Димитровска
автор на ЖИВА МЕЃУ МРТВИТЕ

Несекојдневно, екстравагантно, а истовремено толку елегантно… неверојатна фикција измешана со трагови од реалноста, успевајќи да биде супериoрна забава, но и приказ на вистинскиот живот на денешната младина.
Милана Митовска
автор на Јас ќе бидам поет, а ти мојата ПОЕСИА

Љубовта е единствената нишка која може да поврзе различни светови, да ги излекува сите срца и да победи сè!
Низ перото на, само шеснаесет годишната, Нона ги допираме најдалечните констелации на емоциите, кои на ваков начин може да ги преточи само едно искрено срце.
Култура

Формат

13,5 х 20 см.

ISBN

978-608-262-015-2

Странци

174

Година на издавање

2019

Автор

Ивона Марковска-Нона

Издавач

Култура