Back Cover
Види повеќе

Анастасија

Љубовна приказна за новата генерација. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?
Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè…

Категорија: , ,

Русинката Анастасија Романова потсетува на принцезата со исто име, за која се зборува дека успеала да ги преживее ужасите на кои било подложено кралското семејство. Судбината на најмладата ќерка на кралот е една од најголемите мистерии на тој период…
Сепак, хероината на приказната Анастасија е заразена од амнезија и не се сеќава на ништо пред да пристигне во Шангај. Потрагата за вистинскиот идентитет на Анастасија ќе ги поведе во авантура од улиците на Шангај, до декадентниот предвоен Берлин, од занесниот Лондон, каде што владее нова генерација на убавици кои слушаат џез и играат Чарлстон, до темната завеса позади која се крие револуционерната Русија – па се до магичниот Њујорк непосредно пред падот на берзата. Мајкл е единствениот човек кој некогаш и помогнал на Анастасија а за возврат не побарал ништо – но, дали е тоа вистинска љубов и е доволна причина да се откаже од можноста да живее како принцеза?
Сместен во турбулентно романтичните дваесетти години од минатиот век, овој раскошен роман ни ја дава приказната за едно убиство и предавство, кралските скандали и интриги – но, и најубавата љубовна приказна која што некогаш била раскажана.

Година на издавање

2013

ISBN

978-9989-32-717-9

Странци

400

Автор

Колин Фалконер

Издавач

Култура