Биографија

Author Picture

Жана Полиаков

1973 година. Девица/Лав.

Во кинески Бивол, но исто така Притаен тигар и Скриен змеј.

Дипломирала на Академијата за драмски уметности, дипломирана Drama Queen. Секогаш работи сè преку врски и тоа оние безжичните.
Интернет пионер, се занимава со прашања од дигиталното доба, со копии и оригинали, со потрошувачкото општество и со New age филозофијата. Во 1996 година ја започна својата професионална кариера преку развивање на сопствен концепт на визуелна комуникација, каде што уметникот ги надминува рамките, трансцендентира преку медиумите и станува повеќе или помалку поп-ѕвезда. Учествувала во неколку групни и самостојни предавања низ целиот свет. Нема уметничка биографија, бидејќи уредувањето на сопствениот живот го претворила во уметничко дело. Iconic and unforgetable first editor in chief of Sensa, списание за посреќен живот. Автор на неочекувано забранетата книга LOVEMARKS. Нелинеарен роман што веднаш стана бестселер, како и неговото продолжение

I AM LOVE и ТАА ЗНАЕ. Овие три книги ја сочинуваат сагата на збунетоста. Книгата SOULFOOD, сензационален вовед во посреќен живот, е книга која читателите си ја препорачуваат едни со други како амајлија, заедно со SOUL JOURNAL и SOULFOOD за секој ден. Таа живее надвор од градот, на својот ранч. Индија е нејзиниот дом.

„За некого сум волшебничка, за некого вештерка. И секој од нас го гледа светот онака каков што е тој самиот.“

www.kultura.com.mk