Биографија

Author Picture

Олга М.Петкова

Олга М. Петкова е македонско-словенечка авторка, родена во 1989 година во Скопје. Во
главниот град завршува основно и средно образование, а потоа се сели во Виена, каде ги
започнува своите студии на германски јазик на Факултетот за Економија при Виенскиот
Државен Универзитет. Во 2014 година на истиот универзитет станува и магистер по
економски науки. Од 2016 живее со своето семејство во Љубљана.
Иако економист по образование, за неа уметноста останува највисока форма на
себеспознавање и изразување. Љубовта кон литературата, сликарството, музиката и
пишувањето ја дефинираат нејзината егзистенција.
„Ателјето на Монмартр“ е нејзиното литературно деби, кое го објавува во 2019 година.