Биографија

Author Picture

Нора Робертс

Нора Робертс е еден од најпродаваните автори со издадени над 220 книги и ја заслужува титулата омилен романсиер на Америка, која ја доби од Њујорк Тајмс. Родена е како Елеонор Мари Робертсон, пишува под повеќе псевдоними. Покрај Нора Робертс, таа се има потпишано и како Џил Мари, Сара Хардести и Џ.Д.Роб, под кој го напиша футуристичкиот серијал „Во смртта“. Покрај тоа што е еден од најпродаваните автори, многу често се наоѓала на врвот на листата на најпродавани книги на Њујорк Тајмс, со над 500 милиони тираж од нејзините книги.
www.noraroberts.com