Катерина Медичи, владетелката која го промени текот на француската историја

Катерина Медичи е ќерка на Лоренцо II Медичи, фирентинскиот мецена, и една од најважните ликови во италијанската историја. Покрај несреќната судбина со која се соочило семејството Медичи, Катерина ја мажат на францускиот двор. Се омажила за францускиот крал Анри II во 1533 кога имала само 14 години. Имала десет деца, од кои три починале како новороденчиња. Трите последни крала на француската династија Валоа, Франсоа II (1559–1560), Шарл IX (1560–1575), Анри III (1575–1589), биле синови на Катерина Медичи.

К.В.Гортнер претставува поразлична слика на Катерина Медичи, личност која е многу оспорувана во историјата. Приказната на Гортнер ја претставува како сложено и повеќеслојно човечко суштество – личност која се соочила со тешки избори и го правела најдоброто што можела со оглед на околностите. Дали успеала?
Некои историчари сметале дека во Франција ќе започне револуција двесте години порано пред владеењето на Катерина Медичи.
На кој начин успеала да ја зачува стабилноста на нејзината земја? Дали нејзините методи биле немолосрдни или прагматични?

Нејзиниот живот отвора многу прашања од родовата област. Жените биле користени како пиони во игрите на моќ. Тие биле во постојана борба за вниманието на сопружникот, морале да ја придобиваат дури и љубовта на сопствените деца.
Во времето на нејзиното владеење се случувале многу религиозни разидувања кои влијаеле на севкупниот политичко-општествен живот во Европа. Франција, едноставно, имала потреба да балансира за да може да се одржи. Масакрот на Свети Вартоломеј поставува многу прашања за човечноста и оправданоста на една таква одлука. Но, низ страниците на „Исповедите на Катерина Медичи“ се отвора уште една дискусија – дали нејзините одлуки се оправдани и  дали историски се реално забележани?

Покрај жешкиот период на борба меѓу Каталоците и Хугенотите, низ страниците на оваа книга се проткајува и окултузмот.
Каде и како се користеле тие моќи во борбата за престолот?

На крајот се поставува само едно прашање:
Дали историјата неправедно ја осудува Катерина Медичи?

Ателјето на Монмартр раскажува незаборавна приказна

05/04/2019

Напишете коментар