Исповедите на Марија Фјодоровна

До овој ден, сто години од крајот на нивното царско владеење, тие потсетуваат на прекрасни фустани и скапоцени смарагди, зимски балови во огромни палати, сјајни кочии и приватни јахти, скапоцени Фаберже јајца и исконска убавина. Можеби, поради нивниот незамислив крај во подрумот на една куќа во Екатерингург, остануваме фасцинирани од нивното богатство и целата таа трагедија.
Историската ретроспектива и фотографиите на Романови оставија со трајни впечатоци за едно семејство замрзнато во сиот свој сјај, лошо подготвен и уште повеќе лошо опремен за да ги преживее силите кои им се спротиставуваат. Многу е пишувано за Николај, Александра и нивните деца; многу помалку е посветено на мајката на Царот, царицата Марија, позната како Мини. Таа живеела во последните три генерации Романови кои владеле и била важна личност не само во нејзиното семејство, туку и за другите, ја здобила и почитта на самиот Ленин. Таа станува забележителна личност во историјата, во матријархот на Дизни за Анастасија, засекогаш во егзил, жалејќи поради мистериозната судбината на нејзиното семејство.

Родена како принцезата Дагмар од Данска, Мини потекнува од мала кралска лоза, која станала позната кога нејзиниот татко станал крал и нејзината сестра Аликс се венчала со британскиот наследник, подоцна познат како Едвард VII. Данска, како и Велика Британија, имала уставна монархија, но тоа сепак била ера на империјализам. На чело на тој империјализам била кралицата Викторија, пруската династија Хабсбург и Романови во Русија, кои тврдат дека се протегаат низ Европа, Индија и на исток. Нивните натпреварувачки дуели над териториите и важноста во светот што се случува во почетокот на 20-тиот век го отфрла целиот страв на светот од ненаситните кралски апетит.

Од најголемите кралски домови, Романови биле најбогати и најмоќни, владеејќи над бескрајноста на Русија, како и делови од Полска, Финска и Азија. Промените кои се случиле за време на владеењето на царот Александар Втори, свекорот на Мини, доведоа до ослободување на кметовите, долгоочекуван потег кој водел кон еднаквост во длабоко поделеното класично општество, но сето тоа предизвикало неочекуван хаос, кој Мини го искусила лично.

На возраст од деветнаесет години, Мини се омажила за наследникот на Александар, подоцна царот Александар III и отишла да живее во Русија. Таа едвај го зборувала нивниот јазик, но не е важно, и покрај неговите древни словенски традиции, во дворот на Романови се зборувало француски и бил европски на свој начин. Како и секоја странска невеста од која се очекува да ја исполни својата должност, таа морала да се прилагоди на оваа нова култура и да добие одобрување од народот. Таа успеала во тоа поради нејзината издржливост, како и нејзината перспективата на некој кој не е оттаму. За разлика од големите војвотки на Романови, Мини ја познавала релативната сиромаштија иако живеела во кралско семејство, и сочувствувала со маките на оние што немале убав живот во Русија. Кога станала Царица, таа финансирала образовни центри за жени, болници на Црвен крст и станала одговорна за руското хумано општество. Таа го сторила сето ова додека израснала пет деца и страдала поради зголеменото насилството насочено против Романови, што кулминираше со револуцијата во 1917 година. Нејзиниот сопруг Александар III не бил цар како неговиот татко, почитуван и достоен за восхит од неговите селски поданици, тој бил омразен од интелектуалците за неговото деспотско владеење. Како и тој, Мини била сведок на атентати и неуспешни револуционерни обиди кои биле закана за династијата. За разлика од него, таа сфатила дека светот се менува и Романови мора да се менуваат со него.

Можеме само да претпоставуваме што би можело да се случи ако Цар Александар III не починал предвреме или неговиот најстар син Николај II не го наследил престолот. Сега знаеме дека несоодветноста на Николај, неговиот посветен, уште поспорен брак со Александра и раѓањето на нивниот син, болен од хемофилија, потоа нивната поврзаност со Распутин, сето тоа придонесло за нивното пропаѓање. Она што е помалку познато е дека Мини направила храбри обиди да се спречи неизбежното уништување кое ќе ја смени светската историја.
Нејзината нераскажана приказна ме инспирира да ја напишaм „Царицата Романовa“. Нејзината приказна е една предупредувачка приказна за опасностите на нееднаквоста, за прекумерното богатство, и за слепото верување во божественото право да се владее. Но, исто така, е приказна за едно семејство кое не сака да се соочи со промени, поделени со очекувањата од сите возрасти и прифаќањето на модернито начин на живеење. Мини го допрела врвот на две многу спротивни епохи: родена во неприкосновени привилегии, нејзиниот живот бил разрушен од социјалната страст на другите. Но, сепак, таа издржала.
Некои читатели ќе добијат поинаков портрет на Романови во мојот роман. Сакав да ја надминам митологијата за да ги откријам скриените конфликти кои обично не се дел од нивната нарација. Мојата намера не беше да се осудат или да се идолизираат, туку да се истражуваат, како луѓе од крв и месо и како важни луѓе чија сложеност на настаните околу нив доведе до распаѓање на Кралската Русија.
Меѓутоа, на крајот, ова е длабоко лична приказна за жената која често не се прославува: жестока царица, љубена мајка и жена, а над сè друго, жена која преживеала.

К.В.Гортнер

Конкурс за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори - Романијада 2019

21/02/2019

Промоција на „Желбите не ги пишуваат романите“

21/02/2019

Напишете коментар