Дали и на умот му е потребна детоксикација?

Додека зборувам, создавам
Абракадабра на арамејски значи „додека зборувам, создавам“, било да сме свесни за тоа или не, свесно или несвесно ние ја создаваме својата иднина во од. Не само што зборовите се моќни, туку моќна е и вибрацијата и емоцијата што ги следи. Ние живееме во вибрациски универзум. Сè околу нас е вибрација, и звук, и слика, и зборови, и дела. И за она што најмногу размислуваме, чувствуваме и зборуваме – тоа и ни се случува.
Вака пишува Жана Полиаков во „21 ден ДЕТОКСИКАЦИЈА НА УМОТ“, прв превод на нејзина книга на македонски јазик.

Дали навистина на умот му е потребна детоксикација исто како на телото? Да, потребна му е.
На еден забавен и интересен начин се преточени сите животни вистини. Во оваа книга нема ништо што не знаеме, туку јасно е прикажано она што не сакаме да го погледнеме диретно во очи.
Пред да го кренете каменот, размислете дали сите сме исти?
Жана ве поздравува!

 

Официјалната промоција ќе биде на 22 март 2019 г. во 16:30 часот, во фоајето на МОБ, во склоп на Fashion & Lifestyle Expo.

Промотори на настанот:

ДОЦ. Д-Р ТАТЈАНА ЧЕПРЕГАНОВА – ЧАНГОВСКА
Специјалист по неврологија

КСЕНИЈА НИКОЛОВА
Писателка

МАРИЈА ЃУРЧИНОВСКА
Планинар, активист за здрав живот


8 МАРТ во КУЛТУРА

14/03/2019

Ателјето на Монмартр раскажува незаборавна приказна

14/03/2019

Напишете коментар