Биографија

Фотографија од авторот

Џеронимо Стилтон

Џеронимо Стилтон живее во Глувчево, на Островот на Глувците, еден необичен остров во облик на парче сирење, сместен во Јужниот Стаорски Океан. Овде природата е заштитена, а глодачите живеат среќно. Во слободното време, Џеронимо собира стари корки пармезан од осумнаесеттиот век, но, најмногу од сè, обожава да пишува книги во кои што ги раскажува неговите извонредни глувчешки авантури! Дипломирал на Глувчологија на глодарската книжевност и Компаративна археоглувчешка филозофија. Раководи со Глувчеви Вести, најпознатиот весник на Островот на Глувците. Има добиено многу признанија, меѓу кои и наградата Глувцингер за делото „Тајната на исчезнатото богатство“.

Повеќе https://geronimostilton.com/

Од неодамна ИП Култура во превод ја има и едицијата Теа Стилтон.

Книги од Џеронимо Стилтон