Биографија

Дарко Костадиновски

Д-р Дарко Костадиновски е роден на 27.11.1974 година во Скопје. Дипломира на Правниот Факултет Јустинијан Први во Скопје 1997 година. Во 2008 година станува Магистер на правни науки, а во 2012 година и Доктор на правни науки. Магистрира на темата „Меѓународната арбитража во современите меѓународно политички односи (на граница помеѓу правото и политиката)”, а докторира на темата „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици на советодавните мислења на судот”.
Од 2001 до јануари 2018, работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. До 2010 година работи како асистент на советникот за надворешна политика, и Раководител на одделението за ЕУ и НАТО.
Од 2010 до 2018 е државен советник за надворешна политика.
Од 2015 до јануари 2018, ја извршува должноста Пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.
На 11.01.2018 кога е избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Има земено учество на бројни меѓународни и регионални Самити, Конференции и Форуми , од областа на меѓународното право особено во рамките на Обединетите нации и Советот на Европа, како и дипломатска академија и обука во рамките на “World learning”, во САД.
Автор е на книгите:
„Меѓународна арбитража”, 2008 година
„Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења и нивните импликации)” 2015 година