Која е Лукреција Борџија?

Лукреција Борџија е вонбрачна ќерка на папата Александар VI. За нејзината убавина е пишувано многу низ историјата. Свесна за својата големина и духот на фамилијата Борџија, таа е дел од многу историски интриги и убиства. За својот животен век од 39 години зад себе има 3 брака, сите договорени од страна на нејзиното семејство, сè со цел за политичка надмоќ. Низ историските записи таа активно и свесно учествува во сите политички игри. Но, дали историјата е праведна кон нејзиниот лик? Имајќи ги предвид малкуте ресурси и автентични извори на податоци, К.В.Гортнер успеал во нарацијата на прво лице каде самата Лукреција го раскажува својот живот, да ни открие дел од тој задкулисен живот.
Гледано од оваа временска перспектива многу работи можеле да бидат поинакви, но митот за жената која е искористена или искористувала останува да ја разбранува фантазијата.
Приказна за нечесни игри, убиства, инцест и сè што рационалниот ум не може да поднесе, сето тоа е содржано во митските приказни за семејството Борџија.

Известување за награден ракопис на РОМАНИЈАДА

16/06/2019

Промовирана „Слова и согледби за Блаже Конески“

16/06/2019