„ОД ДЛАБОЧИНИТЕ НА МОРЕТО“ монографија во која подетално и сликовито е претставен дел од морскиот свет на Јадранот кој е карактеристичен за Медитеранската кујна.
Авторот шеф Дејан Карапеев, професионален готвач и добитник на голем број меѓународни награди на свој начин ги опишува карактеристиките на некои од рибите и морските плодови од Јадранот и ги објаснува методите за нивно приготвување.
Ова е прва книга напишана на македонски јазик од страна на македонски професионален готвач и неговиот обид да го пренесе автентичниот мирис на далматинската кујна на овие простори.
„Пловејќи по „големите води“, дружејќи се со воденото царство, решив и професионално да се позанимавам со тој чудесен свет. Благодарение на природата, водените nространства ни нудат чуда кои сакав, барем донекаде, да ги пренесам во оваа книга. Се обидов со голема љубов и задоволство, nоединечно и со должно внимание, да го претставам богатиот и разновиден морски свет, а со тоа да ја збогатам и нашата традиционална кујна.“
Од далбочините на морето #ВоСветотНаКнигите од 18-ти април во продажба, a книгата ќе може да се купи по намалена цена на денот на промоцијата!