Првиот адаптиран роман за млади „Кодот на Да Винчи“ од Ден Браун во продажба во книжарниците на Култура http://kultura.com.mk/proizvod/kodot-na-da-vinchi/ .
Мега-бестселерот на Ден Браун сега е достапен и за помладата генерација на читатели.
Оригиналната приказна е претставена во пократка и подостапна форма за да можат тинејџерите полека да ги откриваат мистериите на симболизмот. На почетокот од своето читачко доба, адаптираната верзија на „Кодот на Да Винчи“, нуди еден поинаков поглед на сето она што не’ опкружува.
Дали навистина она што го гледаме се наоѓа во својата вистинска форма или има сосем друго значење?
Оставаме на помладите читатели да заповловат во водите на историскиот симболизам.
*книгата во продажба во виртуелната книжарница е по цена од 500 денари, додека во продажба во книжарницата на плоштад Македонија е по цена од 600 денари