Телефон: +389 2 3296 - 763
18870273_1311897028886300_84866163_o

57. Венециско биенале на уметноста  13 мај – 26 ноември 2017

Оваа година на 57. Венециско биенале на уметноста под насловот „VIVA ARTE VIVA“ уметничкиот директор  – светски реномираниот куратор Кристин Масел, симболично ќе ги обедини националните павилјони на 57 земји од целиот свет и ќе се обиде да ја промовира својата идеја дека во светот полн со конфликти, во кој хуманизмот е сериозно нагризен, уметноста е најскапоцениот дел од човековото битие.

Како претставник на Република Македонија ќе биде презентиран проектот со наслов „Red Carnival“ на ликовниот уметник Томе Аџиевски
, поднесен од Дирекцијата за култура и уметност од Скопје и кураторот Бранислав Саркањац.

Публикацијата  „Red Carnival“  може да се купи во книжарницата Култура (Ристиќева палата) по симболична цена, а дел од средствата од продажбата се наменети за Здружението за заштита на бувовите МОТ.

http://www.labiennale.org/en/art/index.html

18838453_1311897032219633_1348324019_o 18870273_1311897028886300_84866163_o

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *