Телефон: +389 2 3296 - 763
fb knigi

Во рамките на програмата на 54-тите Рацинови средби, во Велес беше промовирана стихозбирката „Тело одречено од пливање“ на младиот поет Митко Апостолов, кој ја прими наградата „Антологија на болката“ за необјавена дебитантска стихозбирка со љубовна поезија.

Промотори на „Тело одречено од пливање“ беа  Даница Ивановска Лепоевиќ, минатогодишен добитник на оваа награда, и Гордана Војнеска уредник во ИК „Култура“ која веќе трета година ја печати наградената стихозбирка, појасни дека од сите 13 во конкуренција за наградата оваа уште на почетокот поради насловот и го свртела вниманието и прва ја прочитала.

– Ме радува што во земјава кај младите се враќа интересот за поезија. Некои сметаа дека драмата е прва книжевна форма, но јас сметам дека кај луѓето прво се јавува она поетското и ние како деца си врзуваме некои стихови и како што зрееме тие стихови ги ослободуваме. Мене ми е драго што ја издадовме дебитантската поезија на Митко и фасцинирани сме од неа и се надевам дека тој  и понатаму ќе продолжи да пишува поезија и ние ќе ги објавиме и останатите негови стихозбирки, најави Војнеска.

Авторот Митко Апостолов изјави дека оваа награди му значи многу и дека ќе биде поттик и понатаму да пишува поезија.

– Многу сум среќен што ја примив оваа награда. Таа е  темел на кој ќе ги поставам моите идни творби, потенцира Апостолов.

Триесетгодишниот Митко Апостолов родум е од тетовско Теарце, живее во Скопје, завршил Машински факултет и работи како машински инженер. Појаснува дека  поезија почнал да пишува пред десет години. Таа за него е лична потреба како автор да го изрази тоа што го чувствува.

ТЕЛО ОДРЕЧЕНО ОД ПЛИВАЊЕ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *