Телефон: +389 2 3296 - 763

Монте Карло, Париз, Венеција, Сен Тропе…Елизабет Адлер ни носи приказни исполнети со возбуда, мистерија, љубов. Од најубавите делови на светот.  Елизабет Адлер е англиска писателка и бестселер автор на љубовни романи и љубовни трилери.Таа е една од омилените авторки на македонската читателска публика, а од денес нејзината нова книга „Куќата во Амалфи“ е достапна  во продажба. Исто така останатите наслови од Адлер ќе можат да се купат по намалени цени. 

 

Елизабет Адлер во Лондон го запознава нејзиниот сопруг, Ричард, млад американец и ТВ лице. Набрзо оди со него во Рио, но тука почнува нивната љубов и нивното патешествие низ светот. Живееле на различни места низ светот, Бразил, Калифорнија, Лондон, Прованса, Париз, Даблин…Позната е по тоа што пишува за местата кои ги посетила, а многу од нејзините ликови имаат прототипи од нејзиното семејство, роднини или личности кои ги среќава во животот.

Таа живее во Палм Спрингс и себе си се опишува како голем љубител на патувања, обожава да готви и ги обожава нејзините мачки.
Сега Адлер нè води кон драматичните карпи и морето на италијанското крајбрежје на Амалфи, во една приказна полна со тајни, сеќавања и неочекувана љубов…

Приказната е за Ламур, која е растргната меѓу две мистерии и еден привлечен човек. Таа ќе открие дека вистината од минатото се појавува кога најмалку очекуваш. Тајните на ова прекрасно крајбрежје, каде минатото и сегашноста се судираат, предизвикуваат неочекуван пресврт. Ламур мора да се соочи со работите од кои се плаши најмногу и да најде храброст да го живее животот онака како што сака.
„Куќата во Амалфи“ е книга што ќе ве понесе и нема да ја оставите. Роман што ќе ги разбуди сите ваши чувства и ќе ве маѓепса, а само денес сите книги на Елизабет Адлер се со специјален попуст во нашата книжарница и во нашата виртуелна книжарница.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X