Телефон: +389 2 3296 - 763

СО ПРОМОЦИЈА НА ВОЗБУДЛИВИОТ ТРИЛЕР „МИТОТ ЗА ЛИНКОЛН“ ЗАПОЧНУВА САЕМОТ НА КНИГА!

Култура и оваа година за своите читатели има подготвено многу намалувања, подароци, изненадувања. Саемските денови ќе бидат исполнети и со многу гостувања на македонски автори и промоции на нови книги.

Една од главните промоции ќе биде на возбудливиот нов трилер на Стив Бери, „Митот за Линколн“ кој ќе ја има својата промоција на првиот саемски ден, а магионичарот – писател Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Ова е роман кој сам ги врти страниците, исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување.

„Митот за Линколн“ е задолжително четиво за сите љубители на книгата, особено за љубителите на мистерии и трилери.

Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.

Култура по повод 30-тиот јублеен Саем на книга, на своите читатели им подарува 30 книги, а за да бидете вие едни од среќните добитници следете не на фјсбук.

За време на саемот ќе има гостувања на повеќе автори, Ксенија Николова со нејзината „Емотивен манипулатор“ ќе биде на нашиот штанд на 5-ти мај, а тука е и новинарката и писател Санта Аргирова со нејзиниот политички трилер „Времето на Перонов“. Наши гости ќе бидат и  Катерина Серафимовска, Дејан Карапеев и Милијана Павловска.

Култура има да понуди многу интересни и хит наслови, по одлични цени, а за целосно уживање #ВоСветотНаКнигите подготвивме многу подароци и изненадувања за своите читатели.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X