Телефон: +389 2 3296 - 763
РОМАНИЈАДА

Водени од желбата да се поттикне креативната мисла кај младите, а исто така да им дадеме шанса на младите домашни автори да се промовираат, и особено охрабрени од досегашниот интерес на претходните три изданија на конкурсот, Култура АД Скопје го распишува конкурсот за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2018 година.

Критериуми за учество на конкурсот РОМАНИЈАДА:

  • Aвторот да не биде постар од 35 години;
  • Авторот да нема објавено книжевно дело;
  • Ракописот треба да биде прозно дело од жанрот: драма, трилер, научна-фантастика, криминалистика, љубовен или авантура;
  • Ракописите не треба да бидат помали од 100 страници, да бидат напишани на кирилица во македонска подршка со фонт 12, Times New Roman во А4 формат, 1,5 проред;
  • Ракописите треба да се достават по електронски пат на следниве мејл адреси: info@kultura.com.mk; ipkultura@gmail.com до 15 февруари 2018 година.
  • Покрај ракописот кандидатите треба да приложат своја кратка биографија и нивен предлог-маркетинг план за афирмација на делото.

Пристигнатите ракописи ќе бидат евалуирани од страна на жири комисија во март 2018 година. Добитникот ќе биде објавен до крајот на април 2018 година

Aвторот чиј ракопис ќе биде оценет со највисока оценка, ќе склучи ексклузивен издавачки договор со издавачката куќа Култура АД Скопје, а наградениот роман ќе биде издаден во септември 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *