Телефон: +389 2 3296 - 763
Коста Солев Рацин

На 9 и 10 јуни, во Велес, во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, по 52 – ри пат  ќе се одржи културната манифестација „Рацинови средби“.
Покрај повеќето активности кои ќе ја одбележат годинешната манифестација, ќе се доделува и наградата „Антологија на болката“ за 2017 за љубовна поезија на млад автор за необјавена дебитанска книга. Годинава конкурирале 14, а се прифатени 13 млади автори од земјава.
ИП „Култура“ ќе ја објави најдобрата стихозбирката и таа ќе се промовира на „Рациновите средби“.
Дел од наградите ќе бидат доделени на отворањето, а Рациновото и почесното Рациново признание за 2017 на затворањето на 52. „Рациновите средби“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *