Телефон: +389 2 3296 - 763

Има напишано 15 романи, а нејзиниот последен роман „За тебе љубов моја“ својата промоција ќе ја има на 6-ти март, во книжарницата Култура. 

Милијана Павловска е родена 1951 година во Исток, на Косово. На универзитотот Св. Кирил и Методиј во Скопје во 1975 година дипломирала филозофија, а во 1991 година дипломирала педагогија. Целиот работен век го поминала во гимназија Никола Карев во Скопје како професор до 2000 година и како училишен педагог до пензионирањето во 2013 година.

Со книжевна дејност започнала да се занимава на поворасни години и за релативно кратко време напишала и објавила една збирка поезија под наслов „Лирски почетоци“ во 2009 година, а од 2010 година до денес напишала 15 романи, а романот „За тебе љубов моја“ е деветтиот што во издание на Култура АД Скопје.

Меѓу досегашните изданија се издвојуваат „Бури во срцето“, „Скинат ѓердан“, „Две и пол сестри“, „Во виното е вистината“, „Заробено срце“. 

На промоцијата која ќе се одржи на 6-ти март, од 12 до 18 часот во книжарницата, читателите имаат можност да ја купат нејзината нова книга по цена од 200 денари, а намалување има и на останатите нејзини изданија. 

FB_IMG_1520293813280-01

Извадок од „За тебе љубов моја“:

„Знам дека нема да ми простиш и дека многу ќе те растажи оваа моја одлука, особено начинот што сум го избрала за да се разделам од тебе. Но, верувај ми дека повеќе не можев да гледам колку труд вложуваш за да ме направиш среќна. Но, исушеното дрво не може да разлиста и да процвета. Затоа те молам продолжи со животот. За секоја одлука што ќе ја донесеш во животот ја имаш мојата поддршка. Знај, мил мој, дека би била најсреќна доколку создадеш семејство. Тоа е највредното нешто за што човек вреди да се бори. Последно збогум, Бисера.“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X