Телефон: +389 2 3296 - 763

Промоцијата на новиот роман во издание на Култура од авторката Катерина Серафимовска ќе се одржи на 21.03.2018 година со почеток од 18 часот. 

„Небото над реката Чарлс“ е третот роман во издание на Култура од авторката Катерина Серафимовска.  По фантастичниот успех на „Насмевка со цимет“ и „Поглед полн синило“, авторката нѐ води на џез патување покрај брегот на реката Чарлс во Бостон. Љубов исполнета со музика, радост на сите сетила за читателот, за која веруваме брзо ќе стане омилена кај читателите.

Авторката ќе биде гостинка во нашата книжарница и во сабота, 24-ти март, од 12 до 14 часот и тогас читателите ќе имаат можност да добијат потпишан примерок од новата книга. Воедно, во промотивните денови од среда до сабота, новата книга на Катерина Серафимовска ќе може да се купи со промотивен попуст од 15%, додека другите две изданија од авторката ќе бидат на 20% намалување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X