Телефон: +389 2 3296 - 763

Со особено задоволство авторката Ксенија Николова и ИП Култура ве покануваат на промоцијата на „Емотивен манипулатор“, нејзиното четврто дело.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во среда, на 13.12.2017, со почеток во 19 часот во Интермецо, а добредојдени се сите кои имаат желба да бидат дел од овој настан, каде ќе имаме можност да ја слушнеме инспирацијата на авторката, да се запознаеме со делото и секако, во пријатна и опуштена атмосфера да го прославиме плодот од нејзината мисла.

Авторката ќе каже:
„Емотивен манипулатор“ е приказна која додека ја пишував, испиша на моето срце една мисла: „Научи да се радуваш, научи да се ослободиш од бесмислени прашања, научи да гледаш само напред, научи да се победиш самата себе, прости им на сите, прости си себеси, живеј!”

Со нетрпение го очекуваме денот за да ја споделиме со вас оваа приказна, а вашето присуство може да го потврдите на следниов линк.

Покана Емотивен (2)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X