Попуст!
korica-skinat-gerdan

ИСБН: 978-9989-32-868-8

Скинат ѓердан

Автор:

300 ден 150 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 310


На семејната прослава на дваесет и петтата годишнина од бракот Стојан на сопругата Злата и подарува ѓердан од охридски бисери.

Среќата и хармонијата во семејството траат до оној момент кога Злата пред вратата од станот на 1-ви јануари наоѓа машко бебе оставено во кошница, го внесува бебето внатре и го буди мажот. Од глетката на Стојан му се слошува. Последните негови зборови што и ги упатува на Злата во болницата се дека бебето е негов син.

Стојан умира. Злата се онесвестува. Кога се враќа дома од болницата застанува пред огледалото и го гледа ѓерданот. Во еден момент го повлекува со раката, тој се кине, а бисерите се разлетуваат по собата.

Од тој момент започнува нејзината вистинска борба за своите четири ќерки и за синот на нејзиниот маж. Вистината за Ангел вешто ја крие од ќерките иако во меѓувреме го посвојува.

Секоја од ќерките оди по својот пат…

Но ништо не останува скриено. Кога Ангел се разболува од леукемија една од неговите полусестри донира коскена срцевина и му го спасува животот. Тогаш се излегува на виделина…

СКИНАТ ЃЕРДАН е блескав роман со емотивно силен поглед
на црно-белите патеки во животот на ликовите.

На залиха

Шифра: 978-9989-32-868-8 Категории: , , ,

Опис на производот

Читателите за романот „Скинат ѓердан“ напишале:

 

Романот „Скинат ѓердан“, кој неодамна го прочитав, и верувајте пролеав солзи, е само уште едно камче во мозаикот на успехот на секој писател. Роман кој пленува со својата едностав­ност, јасен и разбирлив израз, лирика и висока уметничка вредност. Откако се откинува и последната нишка од ѓерданот бисерите почнуваат да се растураат насекаде, изместувајќи се од свое­­то легло, бегаат и лутаат во далечно и непознато, но со надеж до последен здив дека можеби некогаш „ако даде господ“, пов­тор­но ќе си го најдат своето место.

 

Билјана Огнаноска,

професор по македонски јазик

 

Скинат ѓердан е блескав роман со емотивно силен поглед на црно-белите патеки во животот на ликовите. Океан од љубов низ искрените изрази на тага. Поттик за негување на добрата навика на самопочитувањето. Емотивни заплети на секој лик.

 

Светлана Зашева,

одделенски наставник

 

Секој што ќе ја прочита оваа книга ќе биде трогнат од нас­та­ните кои се обоени со радост, тага, очај, полни со емоции, но и со храброст и хуманост да се победат трагедиите во семејниот живот благодарение на Злата – сопруга и мајка која е столб на семејството.

 

Марика Георгиева, пензионер

 

Скинат гердан! Колку интересен наслов си помислив, додека романот го држев во рацете. Кога го прочитав заклучив: Прекрасен семеен роман, неизвесен од првата до последната страни­ца. Испреплетени судбини кои само животот може да ги напише…

 

Анета Георгиева, педагог

Рецензии

Сеуште нема рецензии

Биди првиот кој ќе напише нешто за “Скинат ѓердан”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *