Попуст!
Kniga za Website Template

ИСБН: 978-9989-32-913-5

Некои бладања од војната

Автор:

299 ден 269 ден

Издавач: Култура

Година: 2017

Опис на производот

Прозниот првенец на Митко Апостолов, насловен Некои бладања од војната, пишуван во манирот на постмо-
дерниот, прозен, експериментален формат – претставен како лавиринт изграден од имиња во кој демне гласот на авторот, наместо Минотаурот – пред читателот носи исклучително свежа книга со која се најавува сериозен автор на најновата македонска авторска генерација.
Некои бладања од војната е формат книга која е наменета за оној тип читатели – сладокусци кои уживаат со-фистицирано зачинети книги во кои можат да најдат слики од своето секојдневие, слики чија вистинитост е возможна само во мигот во кој се родиле и како такви се заглавени во времето. Можеби е најдобро да се каже дека Апостолов создал албум со фотографии под кои напишал куси легенди, налик на она бележење на фотографиите со датуми, непознати имиња и уште понепознати или добропознати места.
Доколку сте ваков тип колекционер на нечии сеќавања, тогаш книгата на Митко Апостолов е напишата само
за вас. Доколку не сте, ви препорачувам да влезете во неговиот интимен албум и детективски да го истражите. Има што да се најде.
Сашо Димоски, писател

Рецензии

Сеуште нема рецензии

Биди првиот кој ќе напише нешто за “Некои бладања од војната”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *