Попуст!
a-mostot-na-kopnezite

ИСБН: 978-9989-32-804-6

Мостот на копнежите

Автор:

150 ден 75 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 58


Добитник на наградата „Антолигија на болката“

Дебитантската поетска книга „Мостот на копнежите“ од Сузана Мицева во себе носи сериозен амалгам од поетски слики, произлезени од автентично женско поетско писмо, слики што никнуваат од еден сериозен емоционален колорит, што прашуваат, одговараат, слики што во себе содржат цели светови и мигови едновремено и што го предизвикуваат читателот да
го подвргне својот емоционален свет и апарат и да соучествува со гласот на текстот низ лавиринтите на душата.

Стихозбирката „Мостот на копнежите“ е еден слоевит книжевен труд чии внатрешни единици се поврзуваат преку метафората на мостот, како спојувалка, како приближување на две оддалечености, како собирање на сите аспекти на љубовниот копнеж во еден миг, а во тој миг сите причини поради кои душата има потреба од друга душа, објаснувајќи ја делбата на својот свет со некој друг свет како нужност преку која расне во повозвишен вид човек.

Имајќи предвид дека станува збор за дебитантска книга, со сигурност може да се каже дека авторството што во иднина ќе произлезе од богатиот внатрешен свет на Мицева ќе придонесе во развојот на македонската современа поезија, но и подалеку, дека ќе ги надмине јазичните граници и ќе стане глобална книжевна вредност.

На залиха

Шифра: 978-9989-32-804-6 Категорија:

Рецензии

Сеуште нема рецензии

Биди првиот кој ќе напише нешто за “Мостот на копнежите”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *