Попуст!
a-dali-cesto-doagate-ovde

ИСБН: 978-9989-32-652-3

Дали често доаѓате овде

Автор:

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Година: 2011
Формат: мека
Страници: 376


На радио оди ноќната програма проследена со љубовни песни. Додека Лутер Вандрос ја пее „Endless love“, водителот д-р Купидон чита љубовни писма.Три пријателки, Грејс, Рајан и Меги.Грејс е среќна со својот вереник Спенсер. Заедно живеат, веќе ја побара за сопруга и толку. Нема конкретен датум, нема подготовки за венчавка и Грејс почнува да се прашува дали тој е вистинскиот. Случајно дознава дека нејзината прва љубов, Џими Малик, се жени. Беа тинејџери кога Џими ѝ го скрши срцето. Една вечер случајно налетува на Џими Малик.Тој, пак, е сигурен дека ја пронашол вистинската жена со која сака да го помине животот.Но по случајната средба со Грејс, се раѓа црвот на сомнежот.

Се разгорува старата искра.Може ли да се оживее старата љубов?Рајан е самохрана мајка која сè уште го чека нејзиниот принц на бел коњ. Поминаа осумнаесет месеци откако ја напушти таткото на нејзиниот син. Таa никогаш не замислуваше дека работите ќе завршат вака. Беше преубава млада жена која наликуваше на Грејс Кели. За кратко време, со напорна работа, успеа да стане позната мејк-ап стилистка. И тогаш, го сретна Фил. Остана бремена и мислеше дека соништата ѝ се остварени.

Но еден ден, Фил ѝ призна дека се вљубил во друга жена и се отсели следниот ден. Рајан преку ноќ стана самохрана мајка. Сега купува секси долна облека, иако нема кој да ја види. Пали ароматични свеќи и не престанува да се надева.Дали д-р Купидон може да ѝ помогне?Меги е долги години со својот принц и сè уште се заљубени како и првиот ден. Првата љубов им трае цел живот. Заедно уште од тинејџерските денови, заедно и во староста. И покрај фактот што Меги има повеќе од педесет години, таа има енергија, живот и радост за животот како тинејџерка, валкан смисол за хумор и фармерки кои го оцртуваат нејзиниот задник за кој било која млада девојка може само да сонува.Прекрасен роман од перото на Александра Потер. Приказна за три жени и нивните траги-комични ситуации во потрага по она вистинското. Приказна за вистинската љубов и сомнежите околу неа, за пријателството, за нештата кои се навистина важни во животот.

Шифра: 978-9989-32-652-3 Категорија:

Рецензии

Сеуште нема рецензии

Биди првиот кој ќе напише нешто за “Дали често доаѓате овде”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *