Телефон: +389 2 3296 - 763
pexels-photo-70252

Поради големиот интерес за распишаниот конкурс за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2016 година, а водени од желбата на сите да им се излезе во пресрет, Култура А.Д. Скопје го продолжува периодот за пријавување на Вашите ракописи до крајот на годината (31. 12. 2016 година).
Уште еднаш Ви ги даваме критериумите за учество на конкурсот РОМАНИЈАДА:
– Авторот да не биде постар од 35 години;
– Авторот да нема објавено книжевно дело;
-Ракописот треба да биде прозно дело од жанрот: драма, трилер, научна-фантастика, криминалистика, љубовен или авантура;
– Ракописите не треба да бидат помали од 110 страници, да бидат напишани на кирилица во македонска кодна подршка со фонт 12, Times New Roman во А4 формат, 1,5 проред;
– Ракописите треба да се достават по електронски пат на следниве мејл адреси: info@kultura.com.mk; ipkultura@gmail.com не подоцна од 31 декември 2016 година.
– Покрај ракописот кандидатите треба да приложат своја кратка биографија и нивен предлог-маркетинг план за афирмација на делото. ги нагласуваме условите за конкурсот

Поздрав
КУЛТУРА А.Д. Скопје
Жирито за наградата РОМАНИЈАДА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *