Прикажување 241–250 од 256 резултати

Попуст!

Продадена

350 ден 280 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 180


Главниот лик Теа живее одличен живот. Успешна е, и има момче на кое и завидуваат сите пријателки. Кога нејзиното момче ќе ја побара за жена тогаш на нејзината среќа и нема крај. Пред нејзе е свадбено патување во градот на светлината, и таа е посреќна од било кога. Сепак, она што започнува како неверојатна среќа, наскоро се претвора во нешто неочекувано и ужасно…

Нема на залиха

Скинат ѓердан

300 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 310


На семејната прослава на дваесет и петтата годишнина од бракот Стојан на сопругата Злата и подарува ѓердан од охридски бисери.

Среќата и хармонијата во семејството траат до оној момент кога Злата пред вратата од станот на 1-ви јануари наоѓа машко бебе оставено во кошница, го внесува бебето внатре и го буди мажот. Од глетката на Стојан му се слошува. Последните негови зборови што и ги упатува на Злата во болницата се дека бебето е негов син.

Стојан умира. Злата се онесвестува. Кога се враќа дома од болницата застанува пред огледалото и го гледа ѓерданот. Во еден момент го повлекува со раката, тој се кине, а бисерите се разлетуваат по собата.

Од тој момент започнува нејзината вистинска борба за своите четири ќерки и за синот на нејзиниот маж. Вистината за Ангел вешто ја крие од ќерките иако во меѓувреме го посвојува.

Секоја од ќерките оди по својот пат…

Но ништо не останува скриено. Кога Ангел се разболува од леукемија една од неговите полусестри донира коскена срцевина и му го спасува животот. Тогаш се излегува на виделина…

СКИНАТ ЃЕРДАН е блескав роман со емотивно силен поглед
на црно-белите патеки во животот на ликовите.

Нема на залиха
Попуст!

Натерај ме

420 ден 340 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 425


Одењето подалеку би било полесно. Но, како и секогаш, Џек Ричер има едно правило – Ако сакаш да застанам…, натерај ме.

Експлозивниот најнов трилер во серијалот романи за Џек Ричер.

Зошто овој град е наречен Мајчина почивка? Тоа Ричер сака да го дознае но никој не сака да му каже. По кратко време Ричер се вплеткува во една нерешена истрага која започнала тивко а потоа завршила смртоносно. Наскоро, Ричер се наоѓа себеси во очајна трка низ Лос Анџелес, Чикаго и Сан Франциско, за на крај да се врати на тоа мало место, за да се соочи со најголемиот кошмар кој може да го замисли.

Попуст!

Љубовникот на куртизаната

420 ден 340 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 505


Исклучителна приказна која ја истражува сложената природа на срцето на една мајка…. Љубовникот на куртизаната магично ве привлекува, доживувајќи го раскажувањето како милозвучен шепот, како свеж ветрец и како егзотичен зачин. Читањето на оваа книга е уникатно, бидејќи ќе остане врежано засекогаш.

Попуст!

Експеримент 51

300 ден 240 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 315


Научно фантастична приказна која ќе Ве остави без здив. Роман чие дејство се одвива низ две временски линии, каде судбината на Земјата е на коцка.

Попуст!

Невработена

390 ден 310 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 252


Остар, нежен и смешен, овој брилијантен роман кој е деби на Лиса Овен не е само приказ­на за животот и тоа како главната херо­и­на доаѓа до својата разрешница туку е и ро­ман кој ги поставува прашањата кои ние ни­ко­гаш не сме се осмелиле гласно да ги изговориме.

Клер Фланели ја напушти својата работа со цел да ја најде нејзината вистинска вокација – сето ова би било во ред ако Клер знаеше што бара и каде да бара, но пред сѐ таа требаше да се пронајде себеси.

Додека за сите околу неа се чинише дека нивните животи се под целосна контрола, Клер се најде себеси како тоне под притисокот на проблемите и се прашувате како успеа да не се распадне.

Попуст!

Вдовицата

450 ден 360 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 350


Тајните ги има во секој брак…

Кога полицијата започна со поставување прашања, Џин Тејлор се претвори во сосема различна жена. Жена што овозможи таа и на нејзиниот сопруг да продолжат понатаму, дури и кога уште повеќе лоши работи почнаа да се случуваат. Меѓутоа, сопругот на таа жена почина минатата недела. И Џин не мора да биде таа жена повеќе…

Има многу нешта што Џин ги премолчи во текот на годините во врска со кривичното дело за кое нејзиниот сопруг беше осомничен. Таа беше премногу зафатена со тоа да биде совршена сопруга, поддржувајќи го својот маж, трпејќи ги обвинувачките погледи и анонимните малтретирања.

Но сега не постои причина зошто повеќе да молчи. Има луѓе што сакаат да ја слушнат нејзината приказна. Тие сакаат да знаат како е да се живее со тој човек. Таа може да им каже дека постојат тајни. Тајните ги има во секој брак. Вистината, тоа е сè што сите сакаат. Но, една лекција што Џин ја научи во последните неколку години е тоа дека таа може да направи луѓето да поверуваат во што било…

Попуст!

ЛИНДА

550 ден 440 ден

Едиција ЕВЕРТ БЕКСТРОМ
ЛИНДА #1
ОНОЈ ШТО ГО УБИ ЗМЕЈОТ #2 http://kultura.com.mk/proizvod/onoj-shto-go-ubi-zmejot/
Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 600
Наслов на оригиналот LINDA
Повеќе за авторот http://www.leifgwpersson.se/


Исполнет со црн хумор и со возбудлива привлечност, крајно реалистичен, ЛИНДА е роман со одлични описи, како на личностите така и на настаните внатре во книгата, кои на читателот му нудат вистинско модерно ремек дело. Еверт Бекстрем, главниот лик што авторот го опишува како низок, полничок и неподнослив, е полицискиот инспектор што против своја волја е испратен во Стокхолм за да го испита убиството на младата полициска приправничка.

Добитник на наградата ПЕТРОНА на најдобар скандинавски крими роман во 2014 година.

Нема на залиха

Од магла на југ до месечина на север

299 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 372


Романот претставува спој на сите светови на авторот, каде искуството од професионалниот ангажман го користи за да креира стил кој е конкретен, концизен и со цел на читателот да му се доловат сите чувства на едноставн начин што ќе го направи неизбежно соживувањето на читателот со приказната и ликовите. Инспириран од историските настани на 20тиот век, како и од вековната човекова борба за остварувањето на своите соништа и идеали, романот ќе го прошета читателот низ многу светли и темни улици и сцени, каде ќе биде прикажана природата на човечкото битие од љубов и топлина до брутални злосторства кои ќе го занемат читателот.

Нема на залиха
Попуст!

НАСМЕВКА СО ЦИМЕТ

300 ден 250 ден

Издавач : Култура
Формат: 13,5 х 20 см.
Страници : 404
Повеќе за авторот http://kultura.com.mk/avtor/katerina-serafimovska/