Прикажување 221–230 од 243 резултати

Попуст!

Житковските божици

299 ден 269 ден

Издавач: Култура
Дата: 2014
Формат: мека
Страници: 486


Високо на ридовите на Белите Карпати живеле од одамна жени надарени со исклучителни способности. Знаеле да лечат и да помагат во секакви маки, знаеле да посоветуваат во потешкотии а исто така, наводно ја претскажувале иднината. Ги нарекувале божици а своите знаења ги предавале од генерација на генерација.

Дора Идесова спаѓа кон последните од родот на житковските божици. Но не ја научила нивната уметност, завршила етнографија и решила да напише за нив опширна
научна студија. Кон крајот на деведесетите години во пардубичкиот архив на министерството за внатрешни работи открива папка водена од Државната безбедност за внатрешен непријател – нејзината тетка, божицата Сурмена. Дора ги расплеткува судбините на житковските жени и со изненадување открива дека, иако самата не
постанала божица, и таа е неодделив дел од таинствената традиција …

Авторката Катерина Тучкова (род. 1980) завршила Историја на уметноста и бохемистика на ФФМУ во Брно, денес работи како куратор. Дебитирала со новелата Монтеспанијада (2006), во 2009 го издава романот Прогонството на Герта Шнирх, за што ја добила наградата Магнесија Литера 2010 – Книжевниот клуб награда од читателите и била номинирана за наградата Јозеф Шкворецки, Магнесија Литера за проза и за наградата Јиржи Ортен.

Автор е на неколку стручни публикации од областа на чешкото сликарството, објавува книги кои се на границата меѓу историјата и белетристиката. Автор е и на белитристичката биографија Мојот татко Ками Лхотак (2008).

Попуст!

Зеро Зеро Зеро

599 ден 539 ден

Издавач: Култура
Година: 2014
Формат: мека
Страници: 466


Од авторот на бестселерот Гомора ни доаѓа една наелектризирана истрага за меѓународната трговија со кокаин, кој е моќен исто како што е заведувачки, како и неговата скриена улога во глобалната економија.

Во многу земји терминот зерозерозеро е жаргонски израз на најчистиот и најдобриот кокаин на светот. Овој роман е меѓународно незаборавно и најпродавано истражување за внатрешното функционирање на глобалната трговија со кокаин – нејзините правила и армии – и вистинската вклученост во светската економија, и влијанието врз сите нас.

Роман со специфичен начин на пишување кој го открива патот на дрогата. Личности, места, години и настани поврзани со падот на мафија опишани во овој роман го доведоа Роберто Савиано во ситуација да живее под впостојана полициска заштита.

Попуст!

Испревртени

350 ден 315 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 272


Постојат два вида на луѓе во светот. Оние кои бараат и оние кои се подготвени да скокнат.

Јас отсекогаш сум била повеќе за барање. Претпазлива. Секогаш со однапред подготвен план. Тоа се промени откако го сретнав Дру Еванс. Тој беше толку упорен, толку сигурен во себе, дури и за мене.

Но, не сите љубовни приказни завршуваат среќно засекогаш.

Дали мислите дека Дру и јас отидовме да го гледаме зајдисонцето?

Приклучи се во клубот.

Она што го сфатив е дека старите навики тешко умираат, а понекогаш треба да се вратиш назад од каде што си почнал за да можеш да продолжиш напред.

Попуст!

Жена во сино

420 ден 378 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 430


Линдзи и Кери Ен се сестри кои како мали биле разделени и сместени во различни семејства на посвојување… Години подоцна тие повторно се сретнуваат каде што ќе треба да ги надминат сопствените разлики за повторно да се зближат.

Попуст!

Заплеткани

350 ден 315 ден

Култура
2016
мека
290


Страсна, духовита приказна за човек кој што знае многу за жените… само не толку колку што тој мисли дека знае. Како што тој ни ја раскажува приказната, Дру дознава дека единственото нешто што никогаш не го посакувал во животот станува она без кое тој не може да живее. Прв дел од серијалот Заплеткани.

Попуст!

Во име на Гучи

450 ден 405 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : мека
Страници : 322


Во име на Гучи е книга која за кратко време се искачи високо на топ листите на најдобро раскажаните љубовни приказни. Во име на Гучи е епска приказна за љубовта и загубата, предавството и лојалноста и за периодот од шеесет години на успешно водениот бизнис на Гучи.

Попуст!

Сенките на дрвото од калинка

420 ден 378 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : 13,5 х 20 см.
Страни : 324


Тарик Али ни ја раскажува приказната за последиците од падот на Гранада, за една потресна семејна сага, за оние кои успеале да го преживеат распадот на нивниот свет. Али е особено вешт во евоцирањето, за тоа каков им бил животот на осудените жители, опколени од сите страни со нетолерантно христијанство.

„Ова е роман кој има нешто да каже, и тоа на одличен начин.“ – „The Guardian“

Попуст!

Од магла на југ до месечина на север

299 ден 269 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 372


Романот претставува спој на сите светови на авторот, каде искуството од професионалниот ангажман го користи за да креира стил кој е конкретен, концизен и со цел на читателот да му се доловат сите чувства на едноставн начин што ќе го направи неизбежно соживувањето на читателот со приказната и ликовите. Инспириран од историските настани на 20тиот век, како и од вековната човекова борба за остварувањето на своите соништа и идеали, романот ќе го прошета читателот низ многу светли и темни улици и сцени, каде ќе биде прикажана природата на човечкото битие од љубов и топлина до брутални злосторства кои ќе го занемат читателот.

Попуст!

Никој не е невин

299 ден 269 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 340


Хектор Бенуси, комесар
на полицијата во Трст, чека да се пензионира и да го пишува на раат својот трилер роман. Неговиот мирен живот, се разбранува од еден немил настан – смртта на старицата Урсула Коен, пронајдена мртва во водите на Трст. За Бенуси кој мирно сака да ја заврши својата кариера е јасно како ден; старицата преминувајќи ја улицата во дождливата ноќ се слизнала и паднала во водата. Младата детективка не дозволува да се затвори случајот така лесно. Таа насетува дека станува збор за нешто повеќе од случајна смрт. Како што се расплетува приказната се осознава суровоста на старицата и зошто таа немала пријатели во својот живот. Сите освен вдовицата Ренате Штајн, која последна ја има видено жива Урсула Коен тагува по неа. Двете делеа страшна тајна стара педесет години. Дали тајната е толку ужасна за да предизвика смрт на старицата или пак причина за смртта е алчноста на луѓето? Роберта Де Фалко низ лавиринит на интриги, заплети и брилијантни описи ве води низ Трст и едно незаборавно патување.

Попуст!

Ние, другите

210 ден 189 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 202


Како да се отпочне патување кон нешто толку лично, што е апсолутно лично, без да се побараат корените, основите, предисторијата на историјата, приказната пред приказната, без да се постават сите прашања кои се предуслов за оние интимни запрашувања?

Битието е проблем. Животот е патека која нуди можни решенија за тој проблем.

Уште едно книжевно остварување на неповторливиот Сашо Димоски.