Прикажување 211–215 од 215 резултати

Аферата Колумбо

550 ден

Што ако се што знаете за откривањето на Америка од страна на Колумбо е лага? Што ако таа лага е искористена за да сокрие вистината која доколку се дознае може да има сериозно последици за политичкиот свет?

Експлозивен нов stand-alone трилер од страна на Стив Бери, кој ќе Ве остави без здив до последната страница.

Кога се заљубив

450 ден

Издавач: Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници: 426


Бајка која почнува со бакнеж во Њујорк. Но што се
случува кога бајката засекогаш исчезнува? Приказна за Елси Мејнард и нејзиниот
сосема нов живот за кој никогаш не сонувала дека ќе го има.

Од формирање на хор што не наликува на ниту еден друг,
во кој членува поранешната рок ѕвезда на 80-тите, Вуди Џенсен, па до сè
поголемото опирање повторно да се состанува со некого, Елси влегува во една
непозната иднина која може да го вклучи неодоливиот дизајнер Оли Хогарт, човек
кој е подготвен да го освои нејзиното срце. Елси верува дека го прави
најдоброто во нејзиниот живот и покрај престојните проблеми, предизвици и
повремените фрустрации, преточени во едно име Торин Стујарт што изгледа дека е
секаде.

Но тогаш срцепарателно барање ја води во Париз последната точка на најважната животна листа
што ја остава зад себе нејзиниот сопруг.

Ќе може ли Елси да го направи последниот чекор и да го
остави нејзиното минато зад себе? Придружете се во борбата на Елси да започне
одново, придружете се на нејзиниот татко, новоформираната група и сестра во
изнаоѓање на нова љубов во нејзиниот живот, и бидете дел од најромантичното
запросување во Градот на светлината.

Изгубени во љубовта

350 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 294


Една случајна средба. Прва љубов.
Неверојатно сознание.

Можеш да сакаш само еден, до крајот…

Лажи ме, но сакај ме засекогаш. Избриши ме од сеќавања, но не и од срце. Оливија Каспен отсекогаш знаела како да добие сè што ќе посака. Сепак, сега мора грчевито да се бори за тоа што некогаш го имала. Откритието дека нејзиното поранешно момче, Кејлеб Дрејк, го изгубил своето памтење повторно ќе го растрепери нејзиното срце. Сега се поставува прашањето колку далеку е подготвена да оди за да го врати во својот живот и покрај лошата репутација која ја следи. Макотрпно се труди да го скрие својот вистински идентитет и прљавото минато. Најголемата препрека на патот на Оливија во остварување на целта е новата девојка на Кејлеб, огнената црвенокоса, Лија Смит.

Нема на залиха

Анастасија

399 ден

Издавач : Култура
Формат : мека
Страници : 400


Русинката Анастасија Романова потсетува на принцезата со исто име, за која се зборува дека успеала да ги преживее ужасите на кои било подложено кралското семејство. Судбината на најмладата ќерка на кралот е една од најголемите мистерии на тој период…
Сепак, хероината на приказната Анастасија е заразена од амнезија и не се сеќава на ништо пред да пристигне во Шангај. Потрагата за вистинскиот идентитет на Анастасија ќе ги поведе во авантура од улиците на Шангај, до декадентниот предвоен Берлин, од занесниот Лондон, каде што владее нова генерација на убавици кои слушаат џез и играат Чарлстон, до темната завеса позади која се крие револуционерната Русија – па се до магичниот Њујорк непосредно пред падот на берзата. Мајкл е единствениот човек кој некогаш и помогнал на Анастасија а за возврат не побарал ништо – но, дали е тоа вистинска љубов и е доволна причина да се откаже од можноста да живее како принцеза?
Сместен во турбулентно романтичните дваесетти години од минатиот век, овој раскошен роман ни ја дава приказната за едно убиство и предавство, кралските скандали и интриги – но, и најубавата љубовна приказна која што некогаш била раскажана.

Нема на залиха

Јас пред тебе

5 од 5
450 ден

Издавач: Култура
Формат: 13,5 х 20 см.
Страници: 462


Љубовна приказна за новата генерација.

ЈАС ПРЕД ТЕБЕ е роман за животот на двајца млади луѓе. Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што сè би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?

Луиза Кларк е обична девојка што живее еден многу обичен живот – стабилен дечко, блиско семејство – кои едвај отишле подалеку од нивното мало село. Таа се вработува кај ексгосподарот на универзумот Вил Трејнор, кој е врзан за инвалидска количка по една несреќа. Наскоро неговата среќа ќе ѝ значи повеќе отколку што можеше да замисли.

Кога дознава дека Вил има шокантни планови за неговата иднина, таа ќе даде сè од себеси за да му покаже дека во животот има нешто за што сепак вреди да се живее.

Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат сè. . .