Телефон: +389 2 3296 - 763

По повод роденденскиот месец на Култура, Традиционалниот ноемвриски саем (14-25.11.2017) ќе биде отворен со „Потекло“ од Ден Браун.

Најновиот роман на Ден Браун „Потекло“ (во оригинал ORIGIN) ја доживеа својата светска премиера на 3 октомври оваа година. Авторската агенција на Браун и овој пат успешно ги менаџираше сите премиери на преводите на романот, па така набрзо од светската премиера македонските читатели ќе може да го читаат делото во македонски превод веќе од 14 ноември.

ден браун 14.11
Од мајсторската рака на Браун  читателите ќе можат да доживеат нова авантура во светот на кодираните пораки. Овој пат една кодираната порака ќе ги одговори двете фундаментални прашања на човековото постоење – Од каде доаѓаме? Каде одиме?
Едно од ретките четива кое на крајот ќе отвори многу прашања одговорајќи ги истите.

Накратко да го разбрануваме интересот.

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“ пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето на едно откритие кое „засекогаш ќе ја промени науката“. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии зашеметувачки, високотехнолошки пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие…
Но, детално испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш.

 

 

 

2 comments

  1. Bi sakala da ja poracam knigata. Ke ve molam kazete mi ja cenata i dali moze po pratka za Kumanovo.

  2. колку чини “ПОТЕКЛО” и каде може да се купи.?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X