Телефон: +389 2 3296 - 763
20170404_150400-01

Престижниот албански издавач ОМБРА ГВГ наскоро ќе го објави албанското издание на романот Петтото годишно време од Сашо Димоски.20170404_150400-01

Токму за овој роман, Димоски се закити со Рациново признание во 2016 година. Станува збор за исклучително емоционална приказна конципирана во пет поглавја, чиј главен лик е родово недетерминиран, доволна одредница за секој читател да се поистовети со главниот лик.

Следната година, романот ќе биде издаден на англиски јазик преку Далкеј Аркајв Прес, кој веќе го публикуваше вториот роман на Димоски, Алма Малер.

20170404_150330-01edit

ОМБРА ГВГ е едно од најпочитуваните имиња во албанското издаваштво, со сериозно изградено име меѓу уметничките и книжевни кругови на Албанија. Главна карактеристика на издаваштвото ОМБРА ГВГ е високата уметничка вредност на публикуваните наслови, високиот квалитет на преводот, како и дизајнот на изданијата, а со големо внимание ги избираат авторите што ги публикуваат. Нивните книги за кратко време го привлекуваат вниманието на голем број читатели, истражувачи и критичари и токму затоа на публиката ѝ ги нудат само критички високооценетите наслови, од познатите класици, па сѐ до современата литература.

Промоцијата на Петтото годишно време, во Тирана, ќе биде закажана наскоро.

Кулура, како македонски издавач на Димоски, го најавува неговиот најнов роман, Заспаните убавици кој ќе биде претставен пред јавноста до крајот на оваа година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *