Телефон: +389 2 3296 - 763
ada9a09acea936d776a6f55c82778c43_xl

Водени од желбата да се поттикне креативната мисла кај младите, а исто така да им дадеме шанса да се промовираат на младите домашни автори, и особено охрабрени од досегашниот интерес на претходните две изданија на конкурсот, Култура АД Скопје го распишува конкурсот за најдобар роман меѓу младите неафирмирани македонски автори за 2016 година.

Критериуми за учество на конкурсот РОМАНИЈАДА:

– Aвторот да не биде постар од 35 години;

– Авторот да нема објавено книжевно дело;

– Ракописот треба да биде прозно дело од жанрот: драма, трилер, научна-фантастика, криминалистика, љубовен или авантура;

– Ракописите не треба да бидат помали од 110 страници, да бидат напишани на кирилица во македонска кодна подршка со фонт 12, Times New Roman во А4 формат, 1,5 проред;

– Ракописите треба да се достават по електронски пат на следниве мејл адреси: info@kultura.com.mk; ipkultura@gmail.com не подоцна од 30 јули 2016 година.

– Покрај ракописот кандидатите треба да приложат своја кратка биографија и нивен предлог-маркетинг план за афирмација на делото.

Пристигнатите ракописи ќе бидат евалуирани од страна на жири комисија и објавени во септември 2016 година на веб страницата www.kultura.com.mk и на официјалната фејсбук страница на Култура: https://www.facebook.com/vosvetotnaknigite.

Aвторот чиј ракопис ќе биде оценет со највисока оценка, ќе склучи ексклузивен издавачки договор со издавачката куќа Култура АД Скопје, а наградениот роман ќе биде издаден во февруари 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *