Телефон: +389 2 3296 - 763
20160416_122826-1

Овогодинешниот Саем на книга (12.04-18.04) помина во одлично светло. Штандот на „Култура” беше еден од најпосетените штандови во текот на целата седмица, каде многумина автори ги промовираа своите дела и потпишуваа примероци од своите книги. „Култура” на саемот се постави со дваесеттина нови наслови кои наидоа на голем интерес кај читателската популација, како и огромен избор на тековни и изминати изданија на книги по прифатливи саемски цени.

Посебно ни е драго што оваа година доста продавани беа книги и од домашни македонски автори, чија продажба се одвиваше рамо до рамо со некои светски бестселери од интернационални автори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *