Телефон: +389 2 3296 - 763
timthumb

Конкурс за доделување на наградата „Антологија на болката“ за годинава објави Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во својство на организатор на културната манифестација „Рацинови средби“, а во соработка со издавачката куќа „Култура“.

Наградата „Антологија на болката“ е награда за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет. Целта на наградата е афирмација на дебитанти и млади автори на современата македонска поезија.

Наградата се состои во публикација од страна на издавачката куќа „Култура“, како и промоција на публикацијата во рамки на 54-тото издание на „Рациновите средби“.

На конкурсот за наградата можат да учествуваат поети со дебитантски и необјавени збирки љубовна поезија.

За наградата на конкурсот одлучува стручна жири-комисија во состав: Ана Костовска, директор на издавачката куќа „Култура“, Даница Лепојевиќ Ивановска, поет и минатогодишен лауреат на наградата и Катерина Момева, писател. Конкурсот трае до 5 мај 2017 година.

Дебитантските и необјавени поетски збирки, заедно со податоци за авторот треба да се достават по електронски пат на мејл адресата racinovisredbi@gmail.com
timthumb
*Веста е преземена од http://a1on.mk/archives/724893

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *