Телефон: +389 2 3296 - 763

Тарик Али е Пакистанец, поточно Панџаби Пакистанец. Покрај тоа што на светот му е познат како личност од филмскиот свет, тој е новинар, политички активист, и пред се’ интелектуалец каков што му е потребен на светот. Низ кариерата се соочувал со политички обвнинувања заради својата отвореност во настапите.

Оние кои се љубители на неговите книги знаат каков космполитски пристап има кон сите животни теми. Табуата, религиските и политичките погледи ги поставува пред читателот со своевидна отвореност. Неговите дела се тивко пловење низ интелектуалната писменост. За нас, од овие крашта,  тој ни пренесува една слика за еден сосем поинаков живот на источните народи.

 

 

Уште едно ремек-дело на извонредниот #ТарикАли од 15.08.2018 #ВоСветотНаКнигите 💗➡️ Романот „Ноќ на златната пеперутка“ го исфрла на површина целиот гнилеж на панџаби општеството. Тој ги обработува универзалните проблеми на љубовта и неверството, животот и смртта, религијата и општеството. Со присеќавањето на добрите времиња читателот е доведен до кулминација со поврзувањето и откривањето на сите ликови од романот кои се распрснати на сите страни од светот. Али успешно го доловува растот и развивањето на односите меѓу ликовите во романот, кој се менува низ целата приказна, прикажувајќи го само времето кое е важно за нивните животи. Првите љубови никогаш не исчезнуваат, првите пријателства остануваат цврсти до крајот на животот. #ВоСветотНаКнигите#култура#книги#ипкултура#ipkultura#инстаграмџии#инстаграмџики#фотонанеделата#фотонаденот#фото#vscobalkan#vscocam#ig_tones#igers#vscomacedonia#vscoskopje#vsco#book#bookstagram#booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

„Сенките на дрвото од калинка“ и „Султанот од Палермо“   веќе се на листата на омилени книги на македонската читателска публика, а тој во нив раскажува за една поинаква култура, правец кој го продолжува и во „Ноќ на златната пеперутка“.

Во неговото последно преведено дело на македонски јазик „Ноќ на златната пеперутка“ маестрално ги насликува сликите на Панџаби општеството, сестраност, но и огромен патриотизам, кој како невидена нишка што секој Панџаб го држи во тивка заробеност со родниот Пакистан.

 

 

Среќна среда посветена на брилијантниот #ТарикАли! 🍀💛 Промоција на неговото ново дело „Ноќ на златната пеперутка“ и намалување од -40% на: 💛➡️ http://kultura.com.mk/proizvod/senkite-na-drvoto-od-kalinka/ 💛➡️ http://kultura.com.mk/proizvod/sultanot-od-palermo/ #ВоСветотНаКнигите #култура #книги#ипкултура #ipkultura #инстаграмџии #инстаграмџики #фотонанеделата #фотонаденот #фото #vscobalkan #vscocam #ig_tones #igers #vscomacedonia #vscoskopje #vsco #book #bookstagram #booklover

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on

Од утре „Ноќ на златната пеперутка“ ќе биде достапна во нашата книжарница, а само утре специјални цени на сите дела на Тарик Али.  Неговите книги не се ракописи за површно читање, тоа се дела кои имаат длабока емотивна порака. Љубовни приказни кои не се темелат на ниски страсти, интелектуален патриотизам кој не завршува само со земање пушка во рака. Едноставно тоа е Тарик Али!

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

X