Телефон: +389 2 3296 - 763
foto-steve-berry

Тајната на една фамилија, безмилосен фанатик, и тајна гранка на американската влада — сите поврзани во една голема мистерија:

Што ако се што знаеме за откривањето на Америка е лага? Што ако таа лага е кажана за да се скрие вистината зошто Колумбо испловил во 1492? И што ако таа 500-години чувана тајна може да го преобликува модерниот политички свет? Ова се само дел од прашањата загатнати во новата книга на Стив Бери “Аферата Колумбо”.

Правејќи го невозможното возможно е централна тема во 11 трилери на Стив Бери за Котон Малоун, и тој секогаш успева да се надмине себеси. “Аферата Колумбо” доживеа феноменален успех по излегувањето, а ист таков успех се очекува и за “14 колонија”.

Патот на Бери за да стане успешен автор — неговите книги се продадени во преку 20 милиони примероци во светот, преведени на повеќе од 40 јазици – е исто така неверојатен како и неговиот сегашен успех. Од детствoто, Бери бил голем читател, карактеристика која ја наследил од својот татко. И додека студирал право низ своите формативни години, сепак читањето и пишувањето му останало голема страст.

Но Бери не бил првично успешен кога пробал да ја издаде својата прва книга. Се до објавувањето на својата прва книга The Amber Room во 2003, Бери бил одбиен 85 пати. Но, денес 13 години подоцна, тој е планетарно успешен благодарејќи на вербата во сопствената способност и истрајноста во следењето на својот сон. Таквата негова предиспозиција предизвика денес сите да се радуваме на излегувањето на неговите нови романи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *