Книжарницата Култура се наоѓа во срцето на градот, лоцирана е во Ристиќева палата на плоштад Македонија. Книжарницата Култура е првата книжарница во повоена Македонија, по основањето на книгоиздателството Култура во 1945 година. Според архивските записи, со кои располага ИП Култура, книжарницата е во сопственост на Култура од 1958 година и вистински куриозитет е што книжарницата останува на истата локација и со истата дејност повеќе од половина век. Генерациите на книжари, уредници, директори кои работниот век го посветиле на Култура, читателите и собирот на сите книгољупци и денес се главните „виновници“ за опстојувањето на најстарата книжарница. Покрај изданијата на Култура во книжарницата Култура може да најдете четива за сечиј вкус, дел од стручна литература, историски и фактографски изданија, белетристика и литература за деца.

Повелете во светот на книгите!