Прикажување 21–27 од 27 резултати

Попуст!

Продадена

350 ден 175 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 180


Главниот лик Теа живее одличен живот. Успешна е, и има момче на кое и завидуваат сите пријателки. Кога нејзиното момче ќе ја побара за жена тогаш на нејзината среќа и нема крај. Пред нејзе е свадбено патување во градот на светлината, и таа е посреќна од било кога. Сепак, она што започнува како неверојатна среќа, наскоро се претвора во нешто неочекувано и ужасно…

Попуст!

Натерај ме

420 ден 210 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 425


Одењето подалеку би било полесно. Но, како и секогаш, Џек Ричер има едно правило – Ако сакаш да застанам…, натерај ме.

Експлозивниот најнов трилер во серијалот романи за Џек Ричер.

Зошто овој град е наречен Мајчина почивка? Тоа Ричер сака да го дознае но никој не сака да му каже. По кратко време Ричер се вплеткува во една нерешена истрага која започнала тивко а потоа завршила смртоносно. Наскоро, Ричер се наоѓа себеси во очајна трка низ Лос Анџелес, Чикаго и Сан Франциско, за на крај да се врати на тоа мало место, за да се соочи со најголемиот кошмар кој може да го замисли.

Попуст!

Вдовицата

450 ден 225 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 350


Тајните ги има во секој брак…

Кога полицијата започна со поставување прашања, Џин Тејлор се претвори во сосема различна жена. Жена што овозможи таа и на нејзиниот сопруг да продолжат понатаму, дури и кога уште повеќе лоши работи почнаа да се случуваат. Меѓутоа, сопругот на таа жена почина минатата недела. И Џин не мора да биде таа жена повеќе…

Има многу нешта што Џин ги премолчи во текот на годините во врска со кривичното дело за кое нејзиниот сопруг беше осомничен. Таа беше премногу зафатена со тоа да биде совршена сопруга, поддржувајќи го својот маж, трпејќи ги обвинувачките погледи и анонимните малтретирања.

Но сега не постои причина зошто повеќе да молчи. Има луѓе што сакаат да ја слушнат нејзината приказна. Тие сакаат да знаат како е да се живее со тој човек. Таа може да им каже дека постојат тајни. Тајните ги има во секој брак. Вистината, тоа е сè што сите сакаат. Но, една лекција што Џин ја научи во последните неколку години е тоа дека таа може да направи луѓето да поверуваат во што било…

Попуст!

Линда

550 ден 275 ден

Издавач: Култура
Дата: 2016
Формат: мека
Страници: 600


Исполнет со црн хумор и со возбудлива привлечност, крајно реалистичен, ЛИНДА е роман со одлични описи, како на личностите така и на настаните внатре во книгата, кои на читателот му нудат вистинско модерно ремек дело. Еверт Бекстрем, главниот лик што авторот го опишува како низок, полничок и неподнослив, е полицискиот инспектор што против своја волја е испратен во Стокхолм за да го испита убиството на младата полициска приправничка.

Добитник на наградата ПЕТРОНА на најдобар скандинавски крими роман во 2014 година.

Попуст!

Никој не е невин

299 ден 150 ден

Издавач : Култура
Година : 2014
Формат : мека
Страници : 340


Хектор Бенуси, комесар
на полицијата во Трст, чека да се пензионира и да го пишува на раат својот трилер роман. Неговиот мирен живот, се разбранува од еден немил настан – смртта на старицата Урсула Коен, пронајдена мртва во водите на Трст. За Бенуси кој мирно сака да ја заврши својата кариера е јасно како ден; старицата преминувајќи ја улицата во дождливата ноќ се слизнала и паднала во водата. Младата детективка не дозволува да се затвори случајот така лесно. Таа насетува дека станува збор за нешто повеќе од случајна смрт. Како што се расплетува приказната се осознава суровоста на старицата и зошто таа немала пријатели во својот живот. Сите освен вдовицата Ренате Штајн, која последна ја има видено жива Урсула Коен тагува по неа. Двете делеа страшна тајна стара педесет години. Дали тајната е толку ужасна за да предизвика смрт на старицата или пак причина за смртта е алчноста на луѓето? Роберта Де Фалко низ лавиринит на интриги, заплети и брилијантни описи ве води низ Трст и едно незаборавно патување.

Попуст!

Добро утро Јаков

350 ден 175 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 218


…Но сега стоеше над безживотното тело на човекот

што го сметаше за свој втор татко. Се избезуми кога го откри телото на Претседателот пред влезот на тоалетот. На тој мал простор имаше расфрлено крпи, средства за хигиена, машинка за бричење, четкичка за заби.

– Што, што се случило? – викаше Јаков.
Го повика колегите, брза помош, полиција… Седеше на подот, во близина на телото и одвреме-навреме си ги бришеше солзите. Не го тргаше погледот од телото на Претседателот…
– Умрев и јас – повторуваше. – Умрев и јас…
Низа возбудливи настани над црвената линија на моќта и на очајот. Претставници на политичка моќ, и оние другите, контролирани, водени и заведувани од неа. Да се заземе филозофски став или да се искористи правото на активен пристап кон злото лоцирано во политиката. Дејството не води кон сознанието дека хероите и херојството не одумреле и не умираат секогаш.
Романот “Добро утро Јаков” на Санта Аргирова, во веќе препознатливиот жанр, политички трилер, ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Уште едно возбудливо четиво кое говори за духот на времето во кое живееме.

Попуст!

Аферата Колумбо

550 ден 275 ден

Што ако се што знаете за откривањето на Америка од страна на Колумбо е лага? Што ако таа лага е искористена за да сокрие вистината која доколку се дознае може да има сериозно последици за политичкиот свет?

Експлозивен нов stand-alone трилер од страна на Стив Бери, кој ќе Ве остави без здив до последната страница.