Прикажување 21–27 од 27 резултати

Попуст!

Скинат ѓердан

300 ден 270 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 310


На семејната прослава на дваесет и петтата годишнина од бракот Стојан на сопругата Злата и подарува ѓердан од охридски бисери.

Среќата и хармонијата во семејството траат до оној момент кога Злата пред вратата од станот на 1-ви јануари наоѓа машко бебе оставено во кошница, го внесува бебето внатре и го буди мажот. Од глетката на Стојан му се слошува. Последните негови зборови што и ги упатува на Злата во болницата се дека бебето е негов син.

Стојан умира. Злата се онесвестува. Кога се враќа дома од болницата застанува пред огледалото и го гледа ѓерданот. Во еден момент го повлекува со раката, тој се кине, а бисерите се разлетуваат по собата.

Од тој момент започнува нејзината вистинска борба за своите четири ќерки и за синот на нејзиниот маж. Вистината за Ангел вешто ја крие од ќерките иако во меѓувреме го посвојува.

Секоја од ќерките оди по својот пат…

Но ништо не останува скриено. Кога Ангел се разболува од леукемија една од неговите полусестри донира коскена срцевина и му го спасува животот. Тогаш се излегува на виделина…

СКИНАТ ЃЕРДАН е блескав роман со емотивно силен поглед
на црно-белите патеки во животот на ликовите.

Попуст!

Невработена

390 ден 351 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 252


Остар, нежен и смешен, овој брилијантен роман кој е деби на Лиса Овен не е само приказ­на за животот и тоа како главната херо­и­на доаѓа до својата разрешница туку е и ро­ман кој ги поставува прашањата кои ние ни­ко­гаш не сме се осмелиле гласно да ги изговориме.

Клер Фланели ја напушти својата работа со цел да ја најде нејзината вистинска вокација – сето ова би било во ред ако Клер знаеше што бара и каде да бара, но пред сѐ таа требаше да се пронајде себеси.

Додека за сите околу неа се чинише дека нивните животи се под целосна контрола, Клер се најде себеси како тоне под притисокот на проблемите и се прашувате како успеа да не се распадне.

Попуст!

Исчистени души

250 ден 225 ден

Издавач : Култура
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 162


Еден аманет кој под многу чудни, неочекувани околности ќе се оствари. Исполнувањето на аманетот носи нови средби и спомени од минатото, притоа полека чистејќи ги душите на членовите од двете семејства што некогаш биле тесно поврзани. Чистењето на душите од тагата, болката, открива скриена љубов што сѐ уште и после толку многу години се топли на првите искри. Сегашноста исполнета со радост, среќа, љубов, но и со верба, свесно го потиснува минатото подавајќи и рака на иднината.

Роман кој уште од првата страница ќе ве повика на одлично патување. Приказна која се чита во еден здив, но останува вечно запишана во вашата меморија.

Попуст!

Од магла на југ до месечина на север

299 ден 269 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 372


Романот претставува спој на сите светови на авторот, каде искуството од професионалниот ангажман го користи за да креира стил кој е конкретен, концизен и со цел на читателот да му се доловат сите чувства на едноставн начин што ќе го направи неизбежно соживувањето на читателот со приказната и ликовите. Инспириран од историските настани на 20тиот век, како и од вековната човекова борба за остварувањето на своите соништа и идеали, романот ќе го прошета читателот низ многу светли и темни улици и сцени, каде ќе биде прикажана природата на човечкото битие од љубов и топлина до брутални злосторства кои ќе го занемат читателот.

Попуст!

Ние, другите

210 ден 189 ден

Издавач : Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници : 202


Како да се отпочне патување кон нешто толку лично, што е апсолутно лично, без да се побараат корените, основите, предисторијата на историјата, приказната пред приказната, без да се постават сите прашања кои се предуслов за оние интимни запрашувања?

Битието е проблем. Животот е патека која нуди можни решенија за тој проблем.

Уште едно книжевно остварување на неповторливиот Сашо Димоски.

Попуст!
Нема на залиха

Бури во срцето

299 ден 269 ден

Издавач : Култура
Година : 2016
Формат : 13,5 х 20 см.
Страници : 208


Потресна приказна за жена која не ја сфатила опаснoста од пловењето на отворено море, па запловила во немирните води со пропустлив појас за спасување. Роман за копнежот на една жена
по забранетата љубов, и за мајка која по една кобна грешка останува и без децата. Една животна приказна за жена на која животот сурово и го наплатил гревот.

Нема на залиха
Попуст!

Кога се заљубив

450 ден 405 ден

Издавач: Култура
Година : 2015
Формат : мека
Страници: 426


Бајка која почнува со бакнеж во Њујорк. Но што се
случува кога бајката засекогаш исчезнува? Приказна за Елси Мејнард и нејзиниот
сосема нов живот за кој никогаш не сонувала дека ќе го има.

Од формирање на хор што не наликува на ниту еден друг,
во кој членува поранешната рок ѕвезда на 80-тите, Вуди Џенсен, па до сè
поголемото опирање повторно да се состанува со некого, Елси влегува во една
непозната иднина која може да го вклучи неодоливиот дизајнер Оли Хогарт, човек
кој е подготвен да го освои нејзиното срце. Елси верува дека го прави
најдоброто во нејзиниот живот и покрај престојните проблеми, предизвици и
повремените фрустрации, преточени во едно име Торин Стујарт што изгледа дека е
секаде.

Но тогаш срцепарателно барање ја води во Париз последната точка на најважната животна листа
што ја остава зад себе нејзиниот сопруг.

Ќе може ли Елси да го направи последниот чекор и да го
остави нејзиното минато зад себе? Придружете се во борбата на Елси да започне
одново, придружете се на нејзиниот татко, новоформираната група и сестра во
изнаоѓање на нова љубов во нејзиниот живот, и бидете дел од најромантичното
запросување во Градот на светлината.